Фрлање на подот, тепачка и седум исклучувања. Сето тоа го одбележа натпреварот помеѓу Хјустон и Мајами во НБА лигата на кој гостите славеа со резултат 104:100.
Тензијата во мечот го достигна својот врв на 30 секунди до крајот, кога по една навидум безопасна ситуација, Амен Томпсон, бекот на Хјустон, го грабна за дресот Тајлер Хиро од Мајами и го фрли на подот.
Потоа Томпсон веднаш беше нападнат од Розиер, кој го собори на земја. Членови на двете екипи влетаа на терен од клупата и успеаја да ги раздвојат конфликтните страни.
Епилогот на се беше шест исклучувања. Покрај Хиро и Томпсон, пред крајот на мечот си заминаа тренерот на Хјустон, Име Удока, неговиот помошник Бен Саливан и играчот Џејлен Грин кај Рокетс, а од другата страна во соблекувалната замина и Розиер. Само неколку минути претходно беше исклучен и Фред Ван Влит, плејмејкерот на Хјустон, кој не е поврзан со таа ситуација.
Can’t lose your composure like that… pic.twitter.com/5DDAWJldAy
— HEAT on FanDuel Sports Network (@FanDuelSN_Heat) December 30, 2024
На некој начин, борбата ја засени одличната игра на Никола Јовиќ, една од најдобрите во сезоната. Српскиот репрезентатицец за нешто повеќе од 30 минути постигна 18 поени со седум скока и шест асистенции. Поефикасен од него во победничкиот тим беше само споменатиот Херо со 27 поени, шест скока и девет асистенции.
Во домашниот тим Брукс постигна 22, додека Грин застана на 19 поени. Гостите од Флорида го свртеа мечот во последниот дел кој го добија со резултат 23:18.
За време на натпреварот, Хиро го испровоцирал Томпсон велејќи му „Изгуби другар, оди си дома“, што можеби се смета и за главната причина за тепачката.
“You go home bro, you lost. You lost.”
— Tyler Herro 😅pic.twitter.com/GhRgs9HXBE
— ClutchPoints (@ClutchPoints) December 30, 2024