Група нуркачи открија при нуркање крај турските брегови мистериозна проѕирна сфера со џиновски димензии, соопшти RT. Откритието се наоѓа на 22 метри под водата крај еден од турските градови.Според нуркачите, сферата изгледала “како направена од желе и многу мека”.
Тие направиле подводни фотографии и замолиле експерти за проценка на направената. Некои мислења зборуваат дека по сè изгледа, станува збор за огромно јајце на Калмар. Снименото сепак е исклучителна реткост, бидејќи димензиите се невообичаени, а и заради краткиот период на инкубација набљудувањето на вакво јајце е практично невозможно.