Огромен метеорит падна во Бајкалското Езеро. Небесното тело го забележале научниците од астрономската опсерваторија во Иркутск. Падот на метеоритот бил на 22 октомври, но извештај за настанот е објавен денеска.

Метеоритот бил забележан на височина од 67,2 километри. Паднал на земјата со брзина која не надминува 13 км / сек, а до крајот на неговиот лет брзината била намалена до 10 км / сек поради отпорот на воздухот.
Научниците велат дека небесното тело паднало во езерото на растојание од околу еден километар од брегот.
https://www.youtube.com/watch?v=BAigwVnQUJ0