Основното јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ОЈО.
„Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот“, соопштуваат од ОЈО.
На социјалните мрежи осамна видео како на раскрсницата кај ТЦ „Мавровка“, неколку лица излегуваат од своите автомобили и го кинат македонското знаме. На друго видео се гледа како автомобил, врз кој се прикачени албански знамиња, прегазува и „дрифта“ преку македонско знаме и го остава на улица.
Граѓаните кои се најдоа во вечерните часови на улиците на Скопје сведочеа дека движењето на неколку раскрници во градот било отежнато и се чекало во долги колони откако голем број возила попладнето и синоќа го блокираа главниот град на Македонија со развиорени албански знамиња.
Во текот на ноќта и утрово партиите реагираат за сквернавењето на македонското знаме.