(ВИДЕО)Полицаецот и се извини на 66-годишната Хрватка за апсењето

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Началникот на полицијата и полицаецот од Осијек биле дома кај 66-годишната Хрватка , која беше насилно приведена бидејќи поминала на црвено и и се извиниле. Министерот Остојиќ вети дека ќе ја плати казната. Ова е епилогот од полициската акција која јавноста ја окфаликува како бруталност, а за елспертите постапката е во рамките на овластувањата.mkd-233363

Видеото од полициската камера има доста вознемирувачки тек – жената најпрво не застанува на повиците на полицаецот велејќи дека има доволно приватни проблеми и дека ништо не направила. Но, тој повикува и засилување.

– Една жена бега и дава отпор, итно пратете ми помош, се јави полицаецот на своите.

Полицаецот решава да ја приведе по секој цена ставајќи и лисици на рацете и легнувајќи ја земја.

На местото се собираат  случајни минувачи кои реагираа на постапките на полицаецот но, подоцна истите беа евидентирани.

„Непотребно, лошо, го урива угледот… Полицајки и полицајци… ова не ни е потребно… Со лошите потези се урна она мноштво добро направено… И не е дека барам од вас да „не се држите за законот како како пијани за плот“, но колку занското, може да биде праведно… Лоша е полициската тактика… Не го правете тоа… Не можеш старицата да ја третираш како да е насилник…“

По оваа порака на Фесјбук од министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ јавноста побара од него јасно да застане на страната на своите ако не го прекршиле законот, а не да зсобира  политички поени во време кога се водат тегобни преговори за формирање на новата хрватска влада.

https://youtu.be/FleH1gOK-Y8