(ВИДЕО)Страшни сцени од Турција: Камионџија изгубил контрола и преминал на спротивна лента, 12 лица загинале

од Nikola Popovski
197 прегледи

Најмалку 12 лица загинаа, а 31 се повредени, од кои тројца потешко, во судир на 12 возила во провинцијата Хатај во јужна Турција, соопштија локалните власти. До несреќата дошло откако возач на камион изгубил контрола над возилото и преминал на спротивната лента, при што се судрил со девет автомобили и два минибуса.

Многу возила биле паркирани покрај патот во близина на бензинската пумпа додека пријатели и роднини се збогувале со мажите кои заминувале на воена служба.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коца изјави дека пожарите избувнале на патот Искендерун-Антакија. Министерот на Твитер објави дека на местото на несреќата се испратени 22 амбулантни возила и три спасувачки екипи.

„Господ да ги помилува нашите граѓани кои ги загубија животите, им изразувам сочувство на нивните блиски“, напиша тој.

Слични содржини