(ВИДЕО)Успеа во намерата: Девојчето кое продаваше крофни за болниот татко, ги собра потребните пари

од Nikola Popovski
449 прегледи

Семејството на девојчето Нина Нинковиќ (11) кое продаваше крофни во Нови Сад за да собере пари за лекувањето на нејзиниот татко, објави дека парите се собрани и дека наскоро планираат лет за Москва.

Нина секој ден продавала крофни по симболична цена од 100 динари (50 денари) од 17 до 19 часот, за да собере пари за скапото лекување на нејзиниот татко во главниот град на Русија, пренесуваат српските медиуми.

Оваа трогателна приказна ги обедини граѓаните од Нови Сад, но и од целиот регион кои сакаа да им помогнат.

Нина синоќа продавала крофни на плоштадот Слобода, при што се создала долга колона од граѓани кои застанале во ред.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neverovali ILI DA (@neverovali.il.da)

Наскоро, низ целиот плоштад се формирала редица хумани луѓе кои сакале да и помогнат на Нина на овој начин. Кога ги снемало крофните, донеле палачинки, а се продавало и лимонада.

„Не мислев дека ќе има толку голем одѕив, но многу сум среќна и се надевам дека ќе успееме да ги собереме сите пари за да му помогнеме на тато“, рекла синоќа Нина.

Слични содржини