(ВИДЕО) За влакно избегнат инцидент меѓу пратениците на расправата за државната каса

од Nikola Popovski
1,9K прегледи

Предлог-буџетот за наредната година ги зовре страстите меѓу пратениците. На вчерашната расправа на матичната Комисија за финансирање и буџет за влакно беше избегнат поголем инцидент, додека збор имаше пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи.

Одговарајќи му на пратеникот Миле Лефков, Битиќи, гледајќи ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, одеднаш го крена прстот и неколку пати повтори:

„Те молам уште еднаш немој да го употребиш тој збор. Уште еднаш немој да го употребиш. Прв и последен пат“, по што ја прекина репликата и видно револтиран се упати кон пратеникот Бојан Стојановски.

Камерата од седницата потоа се фокусираше на групата пратеници каде што беа Битиќи и Стојановски, како и други кои очигледно спречија посериозен инцидент.

Претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска побара да се задржи нивото на однесување и во тој момент ја прекина комисиската расправа и даде пазуа од десет минути.

Додека власта ветува развој, опозицијата критикува дека се бара алиби за нови задолжувања. Поднесени се повеќе од 300 амандмани од страна на СДСМ, кои обвинуваат со државата каса за 2025 година, јавниот долг ќе достигне ниво од 70,8 отсто од БДП.

Буџетот е досега најголем и тежи 6,5 милијарди евра.

Слични содржини