Виенската филхармонија ќе ги донира средствата од претстојниот концерт во Берлин за реконструкција на катедралата Нотр Дам во Париз, која е оштетена од големиот пожар што ја зафати завчера.

Менаџментот на катедралата во Берлин, каде што ќе се одржи на 2 мај концертот на Виенската филхармонија, денеска најави дека тоа ќе биде мотото на концертот „Заедно сме! Солидарност за Нотр Дам во Париз“.
Концертот е организиран од фондацијата Pro Musica dell’Arte Sacra, која промовира литургиска музика и реставрација на црковна уметност. Виенскиот филхармониски оркестар претходно планирал концерт во Нотр Дам во 2021 година.
Катедралата Нотр Дам, средновековна зграда на готската архитектура во срцето на Париз кај реката Сена, беше погодена од огромен пожар во понеделникот, кој беше изгаснат по девет часа.