Виенската опера ќе гостува на есенската сезона на МОБ

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Директорот на Македонска опера и балет Ќазим Асотиќ престојуваше во работна посета на Виена, каде оствари средба со директорот на Државната опера во Виена Доминик Мајер како и со заменик-директорот Марио Штелер и со директорот на хорот Елиза Маријан-Зурман.

Како што соопшти МОБ, договорно е тие да ја посетат македонската Опера во октомври годинава и да гостуваат на отворање на новата сезона на МОБ.

– Покрај меѓусебната соработка помеѓу двете оперски куќи, договорено е нивниот вокален тренер да доаѓа во Македонија еднаш месечно пет-седум дена и да работи со нашите солисти и да ги подготвува за тековниот репертоар како и за новите продукции кои што следат во Македонската опера и балет, соопшти МОБ.

На 27 и 28 мај договорена е посета на Марио Штелер, кој воедно има агенција за посредување на солисти низ светот, кој доаѓа со директорот на Берлинската опера со кој ќе направат аудиција на нашите оперски солисти, со цел за нивно понатамошно ангажирање низ евроспките оперски центри.

На 28 мај ќе има аудиција за помладите пејачи како и талентираните студенти со што им се дава шанса да ги покажат своите квалитети и да им се даде можност да настапат на некои од оперски сцени низ Европа.

– Од големо значење за нашите солисти е што на секои три месеци ќе доаѓа познатиот сопран Красимира Стојанова, солист на виенската опера која моментално настапува во Метрополитен, за да одржува мастер клас, се додава во соопштението.

Директорот на МОБ, како што се наведува во соопштението, имал средба и со Лами Цунаку, сопственик на „VAS GROUP“ светска компанија во областа на туризмот како и сопственик на приватна опера во Виена. Како голем вљубеник во операта и Македонија како држава, договорена е соработка на размена на уметници и претстави, во улога на мецена на крециите и продукциите што ги подготвува Македонската опера и балет.