138
За време на средбата во Ханој, виетнамскиот премиер Фам Мин Чин и американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја изразија својата заедничка желба за продлабочување и подобрување на меѓусебните односи меѓу двете земји, како дел од иницијативата на Вашингтон за зајакнување на сојузите во регионот со цел да се спротивстави на Кина.
На своето прво патување во Виетнам како државен секретар на САД, Блинкен ја започна својата посета со средба со премиерот Фам Мин Чин, пренесува Ројтерс.
Во кусите изјави пред средбата Блинкен посочи дека во текот на изминатата деценија е постигнат „извонреден напредок“ во односите меѓу двете земји.