Aко еден маж има проблеми со потенцијата и е решен да земе “Вијагра” или слично средство, треба да знае дека го чека разочарување.viagra

Препаратот навистина ја крева сексуалната активност, но не и степенот на задоволство, изнесоа научници од Универзитетот во Манчестер. Дотолку повеќе, во присуство на еректилна дисфункција значително се зголемува ризикот од дијабетес и хипертензија.

“Вијаграта” го решава привремено проблемот со еректилната дисфункција, но не ја лекува.Научниците сметаат дека лекарите треба да ги достават веродостојни информации на пациентите за да бидат реални очекувањата. Исто така, треба да се земе предвид дека за задоволството од сексот влијаат и партнерката, психолошките и интерперсоналните фактори.

Британски научници го вршеле истражувањето на “Вијаграта” со 2 500 мажи на возраст од 50 до 87 години. Постарите мажи, кои го земале препаратот, навистина станале поактивни во споредба со мажите без еректилна дисфункција, но далеку почесто останувале незадоволни од интимниот живот.

Слични содржини