Децата кои пораснале во средина каде што викањето било вообичаено често носат со себе невидливи лузни кои подоцна може да се манифестираат преку несигурност, анксиозност или избегнување конфликти. Како овие влијанија се рефлектираат во секојдневниот живот?
Викањето на детето испраќа порака дека не е доволно добро или дека прави се погрешно. Во зрелоста, ова може да доведе до хронична несигурност, чувство на инфериорност и страв од отфрлање. Секоја грешка станува доказ за личен неуспех, што доведува до прекумерна самокритика.
Децата кои биле изложени на викање често развиваат чувство на постојана закана. Во зрелоста, ова се манифестира како постојана вознемиреност, поттикната од конфликти, критики или дури и обични животни ситуации, пишува City Magazine.
Стравот од неуспех, всаден во детството, може да предизвика прекумерен перфекционизам, каде што возрасните се стремат кон недостижни стандарди за да избегнат критики. Честото викање од родителите исто така може да ја наруши способноста за формирање здрави врски. Некои возрасни избегнуваат конфликти и се повлекуваат, додека други реагираат со агресија, што ги отежнува односите со партнерите, пријателите и колегите.
Децата кои биле изложени на викање често имаат потешкотии да ги регулираат емоциите, што во зрелоста може да се манифестира преку интензивни испади како лутина, плачење или емоционална вкочанетост. Стравот од изразување чувства често резултира со внатрешна несигурност и чувство на изолација.