349
Денеска максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 4 степени. За време на викендот ќе има и услови за слаб локален дожд претежно во планинските подрачја, а в недела и услови за појава на ретки грмежи.