362
Претпладне времето ќе биде променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 70км/ч).
Утринската температура ќе се движи од 1 до 9 степени, а максималната дневна од 12 до 21 степен.
Во Скопје слично време со максимална дневна температура од 19 степени.
Метеоролозите за утре најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, а максималната дневна теммпература ќе биде 24 степени.
За викендов времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 27 степени.