Викендов поместете ги стрелките на часовникот

од Берта Китинска
445 прегледи

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Северна Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, во ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) ќе минат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот.

Специфика за земјава е што промената на времето ќе се случи во предвечерието на вториот круг од локалните избори.

Европскиот парламент на 4 март во 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.