Викендов тропски температури

од Берта Китинска
188 прегледи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и околината слично време со минимална температура до 15 и максимална до 32 степени.

Од Управата за хидрометеоролшки работи информираат дека од петок се очекува топол бран со температури над 35 степени.