Викендов втор телеком мастерс бодовен турнир за сениори

од Vlatko K
108 прегледи

 

Во Свети Николе во СЦ Цар Самоил викендов се одржа вториот телеком мастерс бодовен турнир за сениори. Организатор на турнирот беше ППК Шампион ФА од Штип под покровителство на ППФМ. 
На турнирот учествуваа повеќе од 40 играчи во двете категории (сениори и сениорки).
Како и на првиот телеком мастерс турнир фаворитите Станојковски и Димитриевска супериорно ги освоија првите места. Со победите Станојковски и Димитриевска дополнително се зацврстија на чело на ранг листата и речиси имаат обезбедено сигурно место во сениорската репрезентација.
Сениорите беа распоредени во 12 групи додека сениорките во 4 групи. После групните натпреври двајца најдобри од секоја група продолжуват во системот на директни еллиминации.
Најинтересен натпревар на турнирот беше полуфиналето помеѓу Младеновски од Шампион ФА и Јочкоски од Младост. И овој пат како и на првиот мастерс со идентичен резултат со 4:3 славеше Јочкоски. Во машкото финале Станојковски го совлада Јочкоски со 4:1.
Кај сениорките финалето беше далеку повозбудливо каде што Ива Димитриевска славеше победа со 4:3 над Ана Стојановска.
сн3.jpg
ПЛАСМАН Сениори
1. Кристијан Станојковски
2. Ѓоко Јочкоски
3 – 4. Петар Костовски, Филип Младеновски
5 – 8. Александар Штаргоски, Христијан Јованов, Васко Манасијевски, Сашо Стојановски.
сн2.jpg
ПЛАСМАН Сениорки
1. Ива Димитриевска
2. Ана Стојановска
3 – 4. Ана Марија Димитрова, Бојана Михајловска
5 – 8 Васе Богоевска, Фани Јовановска, Сара С.Стојановска, Мила Штркова.
 
км пл.pngмази сн.png