Викендов загина едно лице во сообраќајка

од desk4
142 прегледи

Викендов на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 27 сообраќајни несреќи од кои една со загинато лице, четири со тешки телесни повреди, осум со телесни повреди и 14 со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице (пешак) починал, шестмина се здобиле со тешки телесни повреди додека 11 лица минале со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 58 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Покрај ова, 62 возачи се исклучени од сообраќајот: Без да се стекнат со право за управување на моторно возило, возила управувале 40 возачи, 12 возеле под дејство на алкохол и десетмина биле возачи почетници. Исто така, 35 возила се исклучени од сообраќај, и тоа 32 заради тоа што биле нерегистрирани а три поради техничка неисправност. Десет возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, 20 возачи неправилно престигнувале и осумина се санкционирани заради тоа што непоседувале пропишана зимска опрема во возилата. Санкционирани се и пет пешаци кои го поминале коловозот надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите три дена издадени се 243 мандатни платни налози, додека 150 возила се подигнати со “Пајак”.