“Викиликс” ќе пука со ново сајбер оружје врз ЦИА

од Vladimir Zorba
78 прегледи

“Викиликс” подготви откритие поврзано со тајното оружје на Централната разузнавачка агенција, а особено во сајбер офанзивата врз службите.

Станува збор за технологија, преку која ЦИА  ги користи датотечните сервери на оперативниот систем Windows за инфицирање на компјутерите на одделни луѓе.

Тајното име на хакерското “оружје” на американските служби е “Пандемија” (Pandemic).

Со него ЦИА може да ги зарази компјутерите со малициозен вирус. Ова е последното откритие поврзано со начините на американските разузнавачки служби да добијат пристап до посакуван од нив компјутер и до датотеките и информациите во него.