“Викиликс” на “Твитер” сподели линк со над 1000 пораки од серверот на Хилари Клинтон поврзани со војната во Ирак.
Сајтот објави вкупно 1258 пораки кои Клинтон ги испратила во времето кога ја вршеше функцијата државен секретар. Информацијата е добиена од Стејт департментот по барање на силата на Законот за слобода на информациите во февруари.
Творецот на скандалозната страница Џуалиан Асанж пред да ги објави на сајтот рече дека има доволно докази за да може ФБИ да ја повика Клинтон на одговорност.
Асанж тврди дека има основа, но тоа нема да се случи се додека Лорета Линч е главен обвинител на САД.
Информациите најверојатно ќе бидат користени од републиканскиот кандидат за претседателската функција Доналд Трамп. Инаку, во изминатиов викенд поранешната прва дама беше испрашувана од ФБИ и според извори на CNN во следните недели ќе биде објавено дека против неа нема покренати обвиненија.
Голем дел од пораките вклучуваат материјали од новински агенции кои се однесуваат на ситуацијата во Ирак. Други пораки вклучуваат кореспонденција меѓу екипата на Стејт департментот, распоредот за организирање на средби со претставници на други држави, како и анкети на странски лидери за остварување контакт со Клинтон.
