Викиликс: САД прислушувале тројца канцелари на Германија

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Американската Агенција за национална безбедност  со години прислушувала телефонските разговори на германската канцеларка Ангела Меркел со нејзините најблиски советници .

меркелка

Тие  ги шпионирала и вработените на претходниците на Меркел,  протекоа информации преку Викиликс, соопштува Ројтерс.Извештајот покажува дека шпионирањето на Меркел и нејзините вработени продолжил многу подолго отколку што се мислеше на почетокот. Викиликс тврди дека Агенцијата  пронашла 125 телефонски броеви на високи германски државници. Новите откритија носат ризик од зголемување на тензиите меѓу Германија и САД месец откако американскиот претседател Барак Обама изјави дека со Германија се “неразделни сојузници”. Викиликс објавува пресретнати разговори, телефонски броеви на канцеларот, на нејзини помошници, во канцеларија, па дури и на факс апаратот.

Според податоците на Викиликс биле шпионирани  и службеници на поранешниот канцелар Герхард Шредер (1998-2002 година), како и на неговиот претходник Хелмут Кол. Сеуште нема коментар од Владата на Германија. Објавениот извештај дава информации за детали од разговорите од 2009 година на Меркел за финансиската криза, разговори со крунисан принц на Обединетите Арапски Емирати за Иран, како и разговори од 2011 година за финансиската криза во еврозоната. Новиот скандал излегува на позадината на откритијата на Викиликс, дека САД ги   прислушувале и последните тројца претседатели на Франција.