Поранешната актерка Меган Маркл наводно е „бесна“ што Викторија Бекам го привлекува вниманието со најавата за нејзиното ново шоу на „Нетфликс“.
Војвотката од Сасекс (43) планираше да започне свое шоу за готвење како дел од договорот со „Нетфликс“, но Викторија сега откри своја програма, која исто така ќе се емитува на истата платформа.
Викторија, за која се шпекулира дека е во лоши односи со двојката од Сасекс, објави дека нејзиното шоу „VB House“ ќе има премиера следната година.
Шоуто ќе го документира нејзиното патување во градењето на модна империја и ќе им даде на фановите поглед во животот на поранешната членка на Spice Girls.
Кралскиот експерт Ингрид Севард верува дека Меган најверојатно ќе биде „бесна“ што Викторија го емитува нејзиното шоу пред нејзиното.
Во изјава за магазинот Fabulous, таа рече: „Сигурна сум дека Меган била бесна бидејќи сака да има контрола. Мислам дека ќе ја иритира што Викторија успеа да биде прва. Можеби ова би ја налутило, но не може да го покаже, а знаете, таа е доволно вешта актерка за да знае дека не треба да го покажува тоа“.
Запрашана дали мисли дека Меган ќе излезе во јавноста со нејзините вистински чувства, г-ѓа Севард рече дека би било „сериозен пропуст“ доколку воопшто каже нешто.