Викторија Бекам исмеана затоа што се обидела да се поврзе со работничката класа

од Stefanija Kuzmanovska
528 прегледи

Деновиве на Нетфликс пристигна документарниот филм за Дејвид Бекам, кој покрај спортската страна го прикажа и семејниот живот на фудбалската ѕвезда. Покрај тоа што конечно отворија некои теми кои со години ги интересираат нивните фанови, тие предизвикаа и реакции кај гледачите. Како и секогаш, мислењата се поделени, а еден детал беше особено забележлив и набрзо стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Еден од најпознатите моќни парови на гледачите им ја раскажа својата љубовна приказна и приказна за успехот во документарниот филм „Бекам“. Моментите на вљубување помеѓу Пош Спајс и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња можеа да послужат како инспирација за одлична романтична комедија, а сега гледачите добија можност да ја слушнат приказната од нив и да создадат уште подобра слика за нивните животи пред да станат „семејството Бекам“.

Додека Викторија на публиката ја раскажуваше приказната за успехот на семејството, таа истакна дека и таа и Дејвид создале своја империја и дека денес уживаат во плодовите на нивните напори и работа. Гледачите забележаа еден посебен момент кога Викторија вели дека потекнува од семејство од „работничка класа“, пред Дејвид да истакне дека нејзиниот татко ја возел на училиште со Rolls-Royce.

Во сегментот кога зборува за своето растење, Викторија вели: „Двајцата потекнуваме од семејства кои работат многу напорно, ние сме работничка класа“, на што Дејвид се надоврзува и на шега ѝ вели да биде искрена!

Откако Викторија вели дека е вистина, Дејвид ѝ поставува прашање што јасно покажува дека тврдењето за „работничката класа“ не е вистина.

Дејвид ја прашал: „Со која кола те возеше татко ти на училиште?“, а таа почнала да одговара, велејќи: „Значи, татко ми е…“, но тој ја прекинал на средина на реченицата, инсистирајќи на директен одговор без многу објаснување. На крајот, Викторија признава дека нејзиниот татко возел Rolls-Royce во 80-тите.

Гледачите брзо реагираа на моментот нарекувајќи ја кралица на лошиот хумор, додека други ја критикуваа Викторија дека не може да се идентификува со „обичните“ граѓани за кои возењето во таков луксузен автомобил е речиси незамисливо.

Слични содржини