Вил Смит и Џејда не живеат заедно седум години, а ќе се разделат за десет

од Nikola Popovski

Џејда Пинкет Смит вели дека таа и сопругот Вил Смит би можеле да се разведат за десет години, откако откри дека парот живее „целосно одвоен живот“ од 2016 година.

Високопрофилната холивудска двојка се венча во 1997 година и во минатото се справуваше со разводи и брачни проблеми, но Пинкет Смит во интервју за новинарката Хода Котб во петокот вечерта откри дека парот во суштина се развел без документи.

„Зошто не се разведувате само спогодбено? Зошто едноставно не го направите тоа“, праша Котб.

„Не сакаме. Го сакаме семејството и се сакаме. Знаете, тоа е повеќе животно партнерство. Можеби десет години од сега, кој знае?“, рекла Смит.

Сите биле изненадени од најавата за интервјуто во кое Џејда изјави дека не се подготвени порано да ја откријат нивната разделба.

„Мислам дека до 2016 година и двајцата бевме исцрпени од обидите. И двајцата сè уште бевме заглавени во нашата фантазија за тоа што мислевме дека треба да биде другата личност“, рече таа.

Вил Смит (55) и Пинкет Смит (52) имаат две деца, Вилоу и Џејден, како и синот Треј од првиот брак на Смит.

Слични содржини