Вил Смит не смее да присуствува на Оскарите во следните 10 години

од Nikola Popovski
570 прегледи

Актерот се откажа од членството во Американската академија за филмски уметности и науки, откако направи скандал на 94. доделување на Оскарите со шлаканицата кон Крис Рок. Сега е одлучено дека тој нема да може да присуствува на оваа церемонија цела деценија.

По инцидентот на Оскарите, Вил Смит изјави дека ги прифатил сите последици и јавно се извини за своето недолично однесување.

Поради овој скандал, на Вил Смит нема да му биде дозволено да присуствува на ниту еден настан на Академијата во следните 10 години.

Одборот на директори на Академијата за филмски уметности и науки, која е организатор на Оскарите, ја соопшти оваа одлука по состанокот.

Да потсетиме, инцидентот се случи кога Крис Рок го претстави најдобриот документарен филм на Оскарите, попатно шегувајќи се со избричената глава на Џејд Пинкет Смит, сопругата на Вил, споредувајќи ја со изгледот на Деми Мур во филмот „G.I. Janе“.

Актерот стана, му удри шлаканица на Рок и се врати на своето место.

Вил по ваквото однесување сепак ја доби наградата за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“.

Веднаш по церемонијата и нападот на Смит на Рок, стриминг платформата Нетфликс престана да работи на сите проекти во кои актерот требаше да учествува.

Слични содржини