Актерот Вил Смит ги демантираше тврдењата дека е хомосексуалец, откако негов поранешен асистент јавно го соопшти тоа.
Откако се појавија гласини за афера меѓу Вил Смит и неговиот колега Дуан Мартин од серијата „Принцот од Бел-Ер“, тој излезе и категорично ги демантираше таквите тврдења, нагласувајќи дека таквите обвинувања се недвосмислено лажни.
Сè започна кога маж кој се идентификува како брат Билал, кој се опишува како поранешен личен асистент и пријател на актерот, го изнесе шокантното обвинение во сега веќе вирално интервју со Таша К. Тој тврди дека еднаш случајно влетал во соблекувалната на Дуан и го фатил како води љубов со Вил.
„Ја отворив вратата од соблекувалната на Дуан и тогаш ги видов Дуан и Вил како имаат секс на каучот“, вели Билал, кој исто така изнесе не ласкави тврдења за мажественоста на Вил, споредувајќи го неговиот пенис со големината на малиот прст.
Портпаролот на оскаровецот потоа се огласи и инсистираше на тоа дека приказната е целосно измислена, што тој го потврди во изјава за TMZ и додаде дека Вил размислува да преземе правна постапка.
Дуан, кој сега има 58 години, беше во брак со актерката Тиша Кембел од 1996 до 2020 година и работеше со Смит на бројни проекти во минатото, вклучувајќи го и „Принцот од Би-Ер“.
55-годишниот Вил неодамна се најде во центарот на вниманието откако неговата поранешна сопруга Џејда Пинкет Смит откри дека се разделени седум години, шокирајќи ги нивните обожаватели и јавноста која немаше поим за тоа.