Прво огласување на Венди Вилијамс откако ѝ беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција

од Stefanija Kuzmanovska

Водителката и авторка Венди Вилијамс за првпат се огласи откако ѝ беше дијагностицирана примарна прогресивна афазија и фронтотемпорална деменција.

Таа во својот краток говор истакна дека е трогната од секој збор на поддршка и љубов од нејзините обожаватели, кои не ја виделе во улога на водител на емисијата која ја водеше уште од 2022 година, со сепак не престанале да ѝ пружаат поддршка.

„Исклучително сум благодарна за љубовта и убавите зборови кои ги добив откако ја споделив мојата дијагноза со светот. Сè што можам да кажам е дека сум преплавена со емоции“, нагласила таа во изјавата за E!News, додавајќи дека пораките кои ги добива ѝ помагаат да не ја заборави моќта на единството и потребата од сочувство.

Венди ја искористи можноста да спомене и одредени организации кои се залагаат за подигање на свеста за оваа болест, со која се бори и Брус Вилис.

„Знајте дека ја ценам вашата позитивност и охрабрување“, заклучи водителката.

Слични содржини