Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев ќе играат во големото финале на УС Опен, а Матс Виландер смета дека Русинот има шанса да ја освои првата Грен слем титула во кариерата.
Тој во авторскиот текст за францускиот „Лекип“ изјави дека шансата на Медведев лежи во игра на начин како што боксуваше Мухамед Али.
„Медведев има стил на игра кој е идеален за ривалите кои поминаа многу време на теренот и потрошија многу енергија. Русинот ќе го натера runоковиќ да трча и тоа е начинот да се победи. Не гледам друг начин како може да го победи. Овој натпревар ќе биде како руски рулет. Никој не победува на маратон со трчање без престан. Се победува со трчање на спринтот во последните два километри, како што е во тенисот во петтиот сет. Медведев ќе мора да игра тенис како што боксуваше Мухамед Али“, истакна Виландер.
Виландер смета дека не може,е да имаме подобро финале од ова.
„Ова е финале од соништата за мене. Медведев ќе го остави срцето на теренот. Огромен дел од публиката ќе биде со него додека Новак не биде близу до историјата“, смета Виландер.