Британските принцови, пред да започне кризниот состанок со кралицата и нивниот татко принцот Чарлс, објавија заедничко соопштение со кое демантираат дел од наводите на таблоидите.
„И покрај јасниот демант, лажна е информацијата која денеска се објави во повеќе медиуми и во која се шпекулира за односот меѓу војводата од Кембриџ и војводата од Сасекс. За браќата, кои длабоко се заложуваат за менталното здравје, употребата на ваква опасна реторика е навредлива и потенцијално штетна“, се наведува во соопштението што го пренесе весникот Мирор.
Во написите се наведува дека Меган и Хари имаат приватен план за кризниот состанок, преку кој наводно, тој ќе ѝ го пренесува на својата сопруга целиот тек на разговорот меѓу него, брат му Вилијам, принцот Чарлс и кралицата Елизабета.