Вилијам и Кејт чекаат бебе број 3?

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Фановите на британската кралска фамилија се толку фасцинирани од Војводата и Војвотката на Кембриџ што се убедени дека двајцата го очекуваат третото дете.e79d01290ff0fc8995ca26947e12883b

Неодамна принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се вратија со своите деца – 3-годишниот Џорџ и 16-месечната Шарлот, од официјалната посета на Канада, каде ги воодушевија сите со изгледот на среќно четиричлено семејство.

Весникот Daily Mail пишува дека роднините на Кејт и Вилијам се убедени дека сопружниците веќе размислуваат за создавање на уште еден наследник, бидејќи се многу среќни во улогата на родители. Тие дури сметаат дека бременоста ќе е факт пред крајот на годината.

Покрај тоа британските букмејкери се убедени дека 34-годишната Кетрин ќе го повтори примерот на мајка ѝ Керол, која родила три деца (Кејт има брат Џејмс и сестра Пипа).