ВИЛИЈАМ ЈА ТЕСТИРАЛ КЕЈТ: Сериозно размислувал пред да донесе одлука со кого ќе се ожени

од Stefanija Kuzmanovska

Никогаш не е лесно да пронајдете некого со кого ќе го поминете остатокот од животот.

Но, за принцот Вилијам, кој е втор во низата за британскиот престол, тоа беше уште поголема задача, бидејќи неговата избраничка ќе мора да биде идеален партнер доколку стане „глава“ на државата.

Според кралскиот експерт Роберт Лејс, војводата од Кембриџ (38), кој минатата недела прослави десет години брак со својата Кетрин, се чувствувал како да треба да „изврши аудиција“ за својата избраничка пред да тие да се верат.

Лејс во едно гостување рече дека се вели дека Вилијам ја тестирал Кетрин за нејзината идна улога.

– И мислам дека тоа е вистина. Вилијам е иден крал на Велика Британија и Комонвелтот и, сакал или не, дел од неговата работа беше да избере сопруга која ќе ја изврши таа работа добро.

Вилијам и Кејт најпрво се сретнаа како бруцоши на универзитетот Сент Ендрус и поминаа четири години заедно пред да раскинат накратко во 2007 година.

Раскинувањето беше иницирано од Вилијам кој започна да се чувствува „клаустрофобично“ во врската и додека Кејт сакаше да се посвети, тој не се чувствуваше подготвен. Двојката по неколку месеци повторно започна да се забавува.

Тие сега прославија 10 години откако се венчаа во опатијата Вестминстер, а нивната венчавка ја гледаа два милијарди луѓе пред малите екрани.

Војводата и војвотката од Кембриџ имаат три деца, принцот Џорџ (7), принцезата Шарлот (6) и принцот Луис (3).

Слични содржини