Вилијам страдал од анксиозност и депресија во 2017 година: „Беше мачно“…

од Vladimir Zorba

Војводата од Кембриџ, принцот Вилијам (39) во ново интервју откри дека страдал од анксиозност и депресија во 2017 година, пишува „Daily Mail“.

Имено, Вилијам тогаш работел како пилот на хеликоптер во службата за брза помош. Тој и неговиот медицински тим се обиделе да го спасат повреденото момче Боби Хјуз по страшна несреќа.

Боби во тоа време бил само неколку години постар од неговиот син Џорџ.

– Кога стигнавме на местото на несреќата, имавме една мисла на ум – како да му помогнеме на момчето. Родителите беа хистерични, како што можете да замислите, врескаа, плачеа, беа во вистинска агонија. И тоа живее со тебе – рече Вилијам во емисијата „Princ William: Time to Walk“ и додаде:

„Отидов дома прилично вознемирен таа вечер. Не плачев, но почувствував дека нешто се смени во мене – почувствував како во мене расте еден вид напнатост. Тоа беше толку мачно за мене, како цел свет да умира“.

Како што поминувале неделите, очајот растел, признава Вилијам. Ја чувствувал сечија болка, страдање, нешто што никогаш претходно не го почувствувал.

– Мојот личен живот беше во ред, сè околу мене функционираше. Бев среќен дома и на работа, но во исто време продолжив да се гледам себеси и да се прашувам: „Зошто се чувствувам вака? Зошто се чувствувам толку тажно?’ Почнав да сфаќам дека траумата и тагата на сите овие луѓе всушност ги носам дома, а сето тоа влијае на една личност“.

Разговорите со колегите и средбата со семејството на момчето му помогнале во борбата. Со текот на времето, тој станал подобар човек поради тоа.

Целото интервју ќе излезе денеска и ќе трае околу 38 минути.

Признанијата на Вилијам за странски медиуми ги коментираше и извор близок до кралското семејство.

– Вакво интервју не слушате често. Тоа е длабок и значаен приказ на војводата од Кембриџ, не само како член на кралското семејство туку и како личност – заклучи тој.

Целото ова интервју е дел од аудио серијалот на познати личности што го лансираше Apple.

За едно интервју со Војводата, Apple направи шестцифрена донација на три добротворни организации избрани од самиот Вилијам.

Организациите се од Велика Британија, Америка и Австралија.

Слични содржини