Американската тенисерка Серена Вилијамс игра на ВТА турнирот во Парма, каде разговараше со новинарите за важноста што ја има Роџер Федерер за овој спорт.
„Тој е некој кој навистина ја промени оваа игра. Има толку многу играчи кои се обидуваат да се движат како него, обидувајќи се да бидат технички блиски со него. Тој е генијалец и нормално е да го имитираат“, рече Вилијамс
Таа е тенисерка на која не и е туѓо освојувањето трофеи, но исто така е и една од оние кои му се восхитуваат на швајцарскиот играч.
„Мислам дека тој е најдобриот играч. Не можете да не го сакате, јас мислам така. Она што го прави е фантастично. Би сакала да можев да играм како него“, истакна Вилијамс.
Вилијамс и Федерер се родени во 1981 година, и заедно освоија 43 трофеи од најголемите турнири.