Вилијамс: Германија е тврд орев, но ние имаме одличен тим

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Крилниот напаѓач на шпанската репрезентација, Нико Вилијамс следниот противник Германија на ЕП 2024 го опиша како „тврд орев“.

Шпанците се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство откако ја совладаа Грузија со 4:1. Нико Вилијамс постигна еден од головите и беше меѓу најактивните во составот.

Во четвртфиналето Шпанија ќе се сретне со домаќинот на првенството Германија.

„Германија е тешка, но ние имаме одличен тим и ако играме на нашето ниво можеме да победиме“, изјави Вилијамс, цитиран од „Мундо Депортиво“.

Крилниот напаѓач му се заблагодари на Фабијан Руиз за асистенцијата на неговиот гол и му честиташе на тимот на Грузија за настапот на Евро 2024 година.

„Одлично е да се има играч како Фабијан Руиз во тимот кој ми даде одлично додавање за мојот гол. Тоа е благослов. Се чувствував фантастично кога го постигнав голот. Моите родители можат да бидат горди на мене. Сакам да и честитам на Грузија. Беа одличен противник, јас бев импресиониран од нив и се надевам дека ќе се снајдат добро во иднина“, прокоментира Нико Вилијамс.

Слични содржини