Левиот бек на Норвич, Брендон Вилијамс изјави дека се надева дека ќе биде клучен дел од Манчестер Јунајтед следната сезона. 21-годишниот дефанзивец настапува за „канаринците“ како позајмен од „црвените ѓаволи“ и по крајот на сезоната ќе се врати на „Олд Трафорд“. Таму ќе конкурира за довербата на новиот менаџер Ерик тен Хаг со англискиот репрезентативец Лук Шо и бразилскиот репрезентативец Алекс Телеш за стартната позиција.
„Следната сезона сакам да играм за Манчестер Јунајтед на позицијата лев бек. Ова е мојата позиција и знам дека можам да го направам тоа. Решен сум да го постигнам тоа. Фудбалот и Манчестер Јунајтед се мојот живот и би направил се за да ја постигнам мојата цел“, изјави Вилијамс.
Тој е дел од школата на Манчестер Јунајтед од 2008 година. За машката екипа дебитираше во сезоната 2019/20, со вкупно 50 натпревари во две сезони во кои постигна еден гол. Во актуелната кампања има 27 натпревари за Норич со една асистенција.