Вимблдон „лапна“ 114 милиони евра од осигурување

од Vladimir Zorba

Вимблдон е еден од 34-те тениски турнири откажани поради пандемијата од коронавирус, но исто така и единствениот што доби пари од осигурителна компанија благодарение на осигурување од пандемија.

Имено, „Ол Ингланд клубот“ во своето осигурување вклучи случај на пандемија уште во 2003 година, кога на светот му се закануваше САРС, а сега ќе добие 114 милиони евра.

Секоја година, тие требаше да платат 1,7 милиони евра за осигурување во случај на пандемија“, пишува британскиот весник „Тајмс“.

Другите два Гренд-слем турнири – Роланд Гарос, веќе одложени поради пандемија во септември и УС Опен закажан за крајот на август – немаат слично осигурување и им се заканува финансиска загуба од околу 250 милиони евра во случај на откажување.

„Ол Ингланд клубот“ објави дека ќе дистрибуира дел од сумата на осигурување – поточно 23 милиони евра – на клубови, турнири, судии, играчи и други погодени од кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот.

Слични содржини