Линиските судии на Вимблдон, препознатливи по нивните елегантни униформи, од оваа година ќе бидат заменети со електронска контрола на линијата (ELC).
Она што ќе се случи оваа година може да се нарече револуција. Имено, овој Гренд слем на тревна подлога ќе биде првиот во 148-годишната историја на турнирот каде што нема да има линиски судии.
Британците се познати како традиционалисти во многу аспекти, а Вимблдон не е исклучок, туку е едно од најголемите преостанати упоришта на традицијата во спортот. Сепак, во последните неколку години, челниците на најпознатиот Гренд слем почнаа да попуштаат.
Остана само кодексот на облекување, кој до ден-денес бара од сите натпреварувачи да носат само бела спортска опрема за време на натпреварувањето. Покрај тоа, одреден е и „типот“ на белата боја, односно не смее да влече на ниту една друга боја.