Одложувањето на „Ролан Гарос“ нема да влијае на одржувањето на „Вимблдон“, кое е предвидено да започне на 28 јуни. Сепак, сигурно е дека некои турнири на трева ќе мора да бидат откажани.
Официјално беше објавено во четвртокот дека „Ролан Гарос“ ќе биде одложен за седум дена и дека тоа ќе се одржи од 30 мај до 13 јуни. Ова значи дека паузата помеѓу „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“ е намалена на две недели.
„Оваа одлука, со оглед на околностите, беше целосно поддржана од „Австралија опен“, „Вимблдон“ и „УС Опен“.
Сите четири Гренд-слема ја разбираат важноста за организирање турнир, со цел да им се даде можност на играчите да се подготват и да играат на одредена подлога. Од таа причина, Гренд слем турнирите, заедно со АТП и ВТА, ги поддржаа промените во календарот кога растојанието помеѓу „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“ се зголеми на три недели. Сепак, со цел да се избегне влијанието врз остатокот од календарот, сезоната на турнирот на трева годинава ќе се намали за една недела.
„Вимблдон“, како што беше планирано, ќе започне на 28 јуни. Квалификациите ќе се одржат од 21 јуни“, се наведува во соопштението на веб-страницата на Вимблдон.
АТП и ВТА претходно објавија дека ќе има измени во календарот, а јавноста за тоа ќе биде информирана подоцна.
Останува да се види кои турнири ќе бидат исфрлени од распоредот. Засега, Хертогенбош и Штутгарт се совпаѓаат со финалето на „Ролан Гарос“.