Вин Дизел и „Ен-Би-Си“ планираат враќањето на „Мајами Вајс“

од Vladimir Zorba

Американската телевизија “Ен-Би-Си” работи со Вин Дизел на создавањето на римејк на популарните полициски серии од 80-те години “Мајами Вајс”, соопштува АФП, повикувајќи се на свои извори.До моментов телевизискиот канал не го објавил официјално проектот, но инсајдерите издаваат пред француската агенција дека продуцентската компанија на 50-годишниот акционен актер Вин Дизел и сценаристот на “Брзи и бесни” Крис Морган, веќе засукале ракави по реализацијата.

Покрај нив кон новиот серијал е привлечен и сценаристот Питер Макманес. Ова е уште едно враќање во последно време на омилена детективска серија од малиот и големиот екран по “МакГајвер”, “Хаваи 5-0” и “Смртоносно оружје”.

Слични содржини