40
Најдобар светски играч на ФИФА за 2024 година, Винисиус Жуниор им се извини на соиграчите откако беше исклучен во победата на Реал Мадрид со 2-1 против Валенсија во Ла Лига.
Бразилската ѕвезда во 79. минута доби црвен картон за удар кон противничкиот голман Столе Димитриевски.
„Жал ми е и благодарам на тимот“, напиша Бразилецот на својот профил на социјалната мрежа Х.
Винисиус најверојатно ќе биде суспендиран на неколку натпревари. Сепак, тренерот Карло Анчелоти најави дека ќе се жалат на црвениот картон.
Реал Мадрид во понеделник ќе се соочи со четвртолигашот Депортива Минера во Копа дел Реј.