11
Бразилскиот играч на Реал Мадрид – Виникус Јуниор, проговори по добивањето на големата награда на ФИФА – „Најдобриот“.
„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои гласаа за мене – играчите, тренерите, навивачите. Ова ми е многу важно. Ми се чинеше невозможно да стигнам овде, на оваа сцена. Дојдов од мал град, блиску до сиромаштија и криминал, а сега сум тука. Сакам да останам уште долго во Реал Мадрид. Најголемиот клуб во светот“, изјави Винисиус.
Наградата за Бразилецот доаѓа по големиот неуспех во трката за Златната топка, кога во последен момент беше заменет со Родриго Ернандез од Манчестер Сити. Целиот „кралски“ клуб тогаш го бојкотираше настанот, а сега беа присутни и претседателот Флорентино Перез и тренерот Карло Анчелоти.