Винисиус нема да игра на „Енфилд“, ќе биде аут од терените еден месец

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Фудбалерот на Реал, Винисиус Жуниор ќе биде надвор од терените еден месец поради повреда на тетивата, јавува денеска шпанска „Марка“ и нема да игра на „Енфилд“ против Ливерпул во Лигата на шампионите на УЕФА.

Бразилецот се повреди на вчерашниот натпревар од 14. коло на шпанската Ла Лига помеѓу Реал и Леганес (3:0).

Најдобриот играч на мадриѓани го одигра целиот натпревар против Леганес, но болката ја почувствува по крајот на натпреварот.

Од клубот соопштија дека по денешните лекарски прегледи било констатирано дека Винисиус се здобил со повреда на задниот дел од ногата, но не соопштија колку време Бразилецот ќе мора да паузира.

Шпанските медиуми пренесуваат дека се очекува играчот на Реал да паузира околу еден месец.

Слични содржини