Винисиус останал без „Златната топка“ поради неговата борба против расизмот?

од Vladimir Zorba
26 прегледи

„Златната топка“ или тоа што Винисиус Жуниор не е нејзин освојувач годинава, се уште е тема на светските медиуми. Наградата за најдобар, да потсетиме, му припадна на играчот од средниот ред Родриго, кој со шпанската репрезентација го освои Европското првенство и Премиер лигата со Манчестер Сити.

Многумина мислат дека овој избор му нанесе неправда на бразилското крило кое со Реал Мадрид ги освои Лигата на шампионите и шпанското првенство, а особено така мислат во Реал, поради што ја бојкотираа церемонијата во Париз. Винисиус смета дека причината поради која е втор, а не прв во прес-гласањето за добитник на наградата е неговата борба против расизмот. Ова го пишува Ројтерс повикувајќи се на луѓе блиски до 24-годишниот напаѓач на клубот.

„Ова ќе го направам уште десет пати. Тие не се подготвени“, беше пораката што Винисиус ја објави на социјалните мрежи откако не го освои трофејот. Ројтерс контактираше со луѓето кои раководат со неговата кариера за да го дознае одговорот на прашањето што точно значи пораката.

Одговорот е дека Винисиус „се осврнал на својата борба против расизмот“, пишува Ројтерс и додава дека контактираните мислат дека тоа е причината поради која не ја добил наградата.

„Фудбалскиот свет не е подготвен да прифати играч кој се бори против системот“, цитира соговорник од кругот на луѓе кои раководат со кариерата на играчот, кој е честа мета на расистички скандирања на натпреварите во Шпанија.

Слични содржини