19
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ги коментираше гласините за силен интерес за него од клубови од Саудиска Арабија.
Неименуван клуб од Саудиската професионална лига се вели дека е подготвен да плати повеќе од 200 милиони евра за трансферот на 24-годишниот Бразилец.
„Интерес од Саудиска Арабија? Јас сум исклучително смирен поради тоа бидејќи имам актуелен договор до 2027 година и се надевам дека ќе го продолжиме. Среќен сум што работам со најдобриот тренер, најдобриот претседател и најдобрите играчи”, изјави ѕвездата, цитирана од „Мундо Депортиво“.
Винисиус оваа сезона постигна 17 голови и 12 асистенции на 35 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања.