Винисиус Жуниор: Ова е недозволиво, треба да преиспитаме

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Винисиус Жуниор е разочаран од настапот на бразилската репрезентација во тешкиот пораз од Аргентина со 1:4 во светските квалификации. „Кариките“ примија три гола пред паузата и генерално беа непрепознатливи.

„Одигравме многу лошо, додека противникот прикажа одличен фудбал пред своите навивачи. Треба да се преиспитаме, бидејќи ова е недозволиво. Не смееме да се откажеме, туку мора да го подигнеме нивото, бидејќи до Мундијалот има само една година“, изјави напаѓачот на Реал Мадрид по мечот на „Монументал“ во Буенос Аирес.

Винисиус цело време остана на теренот и доби една од најниските оценки.

Бразилците се само четврти во поредокот, но за нивно олеснување, првите шест селекции директно ќе се пласираат на Светското првенство, а седмата ќе игра во плејоф. Аргентинците сега се 100% сигурни за завршницата во САД, Канада и Мексико.

Слични содржини