Двајцата млади примени вчера на Одделот за инфективни болести при општата болница во Винковци немаат инфекција со коронавирус, потврди денеска болницата.

Тие биле примени во болницата во понеделникот. Според резултатите, добиени на Клиниката за инфективни болести „Фран Михаљевиќ“ во Загреб, наодите за двајцата пациенти се негативни, пренесува Хина.
Двајцата млади се дел од групата од 10 хрватски работници кои се вратиле од кинескиот град Шангај, а по пристигнувањето во Хрватска беа хоспитализирани.