(ВИДЕО) Учесниците во натпревар по грдотија се скараа кој е погрд

од desk3
92 прегледи

Победникот во четвртиот натпревар за најгрд маж во светот “Mister Ugly” во Зимбабве ги вознемири приврзаниците на претходниот носител на титулата, кој остана втор и предизвика немири меѓу публиката на настанот.
Судиите ги избраа 42-годишниот Милтон Серена поради недостатокот на заби и гротескни изрази на лицето, пишува “Индипендент”. Тој го победи единствениот победник од создавањето на конкурсот Вилијам Масвину, кој е носител на наградата од 2012 година

0964024001448291064_509276_600x458_actualno

Тој и неговите приврзаници се скараа со судиите, откако ја слушнаа нивната одлука. Незадоволна публика инсистираше дека овогодинешниот победник е “премногу убава”, за да победи. Според нив недостатокот на заби е неоснована причина за неговиот избор. “Јас сум природн грд, а тој не е.
Тој е грд само кога ќе ја отвори устата”, изјави Масвину за неговиот конкурент.
“Треба ли да искршам забите, за да победам. Тоа е измама “, рече друг натпреварувач по име Патрик.

Нема друг со таква среќа! Американец преживеа и во салата “Батаклан” и на 11 септември во Њујорк

Иако немаше повредени, се дојде до спектакуларен метеж и размена на навреди.
Победникот Серена ја отфрли критиката и без грижа го прибра профитот од 500 долари. “Тие едноставно треба да прифатат дека јас сум погрд од нив”, рече тој.
Претходно организаторите објаснија дека на натпреварот не учествуваат лица со инвалидитет или други трауми, кој го менува нивниот изглед, бидејќи трката е нагласување на “природната грдост”.
Идејата за натпреварот е на Дејвид Мачова, кој сакал да ја избрише “стигмата за грдоста”. “Сè ни е дадено од Бог. Ние сите треба да се гордееме со она што сме “, објасни тој.