156
Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон изјави дека Европската унија му должи на Косово и на другите партнери конечно да напредуваат во процесот на проширување, пренесува „Лајми нет“.
Таа рече дека проширувањето на Европската унија би можело да се врати на агендата.
„Проширувањето на ЕУ може да се врати на агендата, но ЕУ мора да се погрижи нашите ветувања да не бидат празни. Им должиме на Северна Македонија, Косово и другите наши партнери конечно да продолжиме со процесот на проширување“, истакнала Фон Крамон.