Како што може да се види од видеото од овогодинешните „Invictus Games“, кое стана вирално, војвотката од Сасекс се нашла на удар откако среде разговор, наводно без дозвола, ја преместила инвалидската количка на едно лице. Луси Едвардс, позната британска ТВ водителка и активистка за правата на лицата со попреченост, покрена дебата откако анализираше видео објавено на официјалниот профил на Инстаграм на војвотката од Сасекс. На видеото се гледа како Меган Маркл ја движи инвалидската количка на натпреварувачка која бил среде разговор, за време на фотографирање.
„Иако таа веројатно имаше добри намери и не сакаше никој да биде изоставен од фотографијата, од клучно значење е да побарате дозвола пред да допрете помошно средство за движење“, истакнаla Едвардс во нејзиното видео на ТикТок кое брзо собра повеќе од 100.000 прегледи.
Едвардс, која и самата е слепа, го сподели своето искуство: „Често забележувам дека луѓето, мислејќи дека помагаат, ми го прекинуваат разговорот и се обидуваат да ми помогнат преку патот. Ова создава конфузија и дезориентација и всушност ја поткопува мојата независност. Помошта за мобилност ја претставуваат нашата слобода и независност.
„Без разлика дали се работи за бел стап, куче водич или инвалидска количка, тие се продолжение на нашите тела и не треба да се допираат без изречна дозвола“, нагласила Едвардс.
https://www.tiktok.com/@lucyedwards/video/7470189415462112544?embed_source=121374463%2C121468991%2C121439635%2C121433650%2C121404359%2C121497414%2C73319237%2C121477481%2C121351166%2C121487028%2C73347566%2C121331973%2C120811592%2C120810756%2C121503376%3Bnull%3Bembed_blank&refer=embed&referer_url=www.tportal.hr%2Fshowtime%2Fclanak%2Fviralni-video-razotkrio-neugodnu-situaciju-meghan-markle-u-sredistu-nove-kontroverze-foto-20250213&referer_video_id=7470189415462112544
Меган Маркл, која често е мета на критики на интернет, овој пат поттикна дискусија за поширок социјален проблем – недоволно образование за правилна интеракција со лицата со попреченост.
„Не учиме доволно за инвалидитетот во нашиот образовен систем и на работното место. Можам да разберам дека Меган сакаше да ја вклучи оваа дама и да ја направи дел од настанот, но начинот на кој го направи тоа остави многу членови на нашата заедница во шок“, додала Едвардс.
Активистката заклучила дека ова е можност за поука и заклучоци: „Сите ние грешиме секој ден. Она што е важно е како ќе научиме од нив и ќе се погрижиме да не се повторат“.
Кабинетот на војвотката сè уште не го коментирал инцидентот, а на социјалните мрежи се разви жестока дебата за тоа дали потегот бил добронамерен или претставува повреда на личниот простор и автономијата на лице со попреченост.